Достапни линкови

logo-print

Кас Грање:Пописот мора да се спроведе по меѓународни стандарди


Пописот мора да биде спрoведен и да произведе вистинска, прецизна слика за популацијата во земјата, согласно меѓународно прифатените стандарди. Ова денеска го изјави директорката на Директоратот за проширување на ЕУ за Македонија Александра Кас Грање. Таа истакна дека ЕУ е информирана за Државната пописна комисија си поднесе оставка и ја охрабрува Влада во консултации со опозициските партии и етничките заедници да создаде клима која ќе овозможи соодветно и сигурно спроведување на пописот.Таа додаде дека процесот на пописот мора да биде кредибилeн за сите политички партии и етнички заедници, и технички не смее да има никакви прашања и дилеми.
XS
SM
MD
LG