Достапни линкови

Турциja не се откажува од прекуграничните воени операции во Северен Ирак


Турција ќе продолжи да презема воени операции против курдските бунтовници, кои ја користат територијата на Ирак и оттаму ги организираат нападите врз турски цели. Ова денеска го изјави турскиот вицепремиер Бешир Аталај. Тој додаде дека Турција разменува „ квалитетни разузнавачки информации “ со САД и Ирак при операциите против бази на Курдите во Северен Ирак. Аталај смета дека „Северен Ирак треба да престане да служи за терористичка база“.
Во Турција денеска пристигнува ирачкиот министер за надворешни работи Хошијар Зебари.
XS
SM
MD
LG