Достапни линкови

Лех Валенса ќе се приклучи кон движењето „Окупирај го Вол Стрит“


Легендарниот лидер на отпорот против комунистичкиот режим во Полска и добитник на Нобелова Награда за мир Лех Валенса ја прифати поканата на движењето „Окупирај го Вол Стрит“ и ќе им се придружи на протестите против банкарите во Њујорк. Тој во интервју за полски медиум изјави дека движењето се буни против неправдата во денешниот економски систем затоа што работниците вредат помалку и се почесто остануваат на улица. Тој додава дека мора да се преземе нешто сега затоа што во спротивност може да се создаде светски бунт против капитализмот.
XS
SM
MD
LG