Достапни линкови

logo-print

Извештаите на ЕК за Западен Балкан


Европската Комисијата денеска даде препорака за отворање на пристапни преговори со Црна Гора и оцени дека во последниве неколку години остварила значаен напредок. Првите поглавја за кои ќе преговара земјата се судство, човекови права, слобода и безбедност.

Комисијата препорача Србија да добие статус- кандидат за членство во Унијата , но почетокот на преговорите ќе зависат од напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина. Еврокомесарот за проширување Штефан Филе пред Европскиот парламент изјави дека нормализирање на односите со Косово е клучен приритет.

Во извештајот за Косово е наведено дека ги исполнува политичките критериуми но земјата се соочува со многу предизвици како спроведување на европските закони, нема економски напредок и сериозни забелешки за спроведувањето на изборите. До крајот на годинава Комисијата ќе покрене дијалог за визите со Косово.

Во врска со Турција Комисијата ја повика Европската Унија да ги продолжи разговорите но напомена дека не е постигант напредок во однос на минатата година.

Во извештајот за БиХ е наведено дека неможноста да се постигне политички договор околу власта е пречка за прогресот на БиХ да спроведе клучните реформи, неопходни за натамошниот напредок кон европските интеграции.
XS
SM
MD
LG