Достапни линкови

logo-print

Опасност од назадување


Ричард Ховит, известувач за Македонија во Европскиот парламент.

Ричард Ховит, известувач за Македонија во Европскиот парламент.

Иако и оваа година останува позитивната препорака за Македонија, никој од нас не е сигурен дали тоа ќе се случи и наредната година. Да не дозволиме да биде предоцна, вели Ричард Ховит.

Во најновиот извештај на ЕК за напредокот на Македонија е нотирано дека се потребни дополнителни напори во истите области како и минатата година. Дали Македонија тапка во место?

Имаше премногу мал прогрес во однос на целите кои ви ги поставивме. Ние сакаме преговорите да почнат и сакаме земјата да влезе во ЕУ. Иако извештајот за напредокот на Македонија нотира дека е направен напредок во споредба со постигнувањето на целта - започнувањето на преговори и неможноста тие да бидат успешни. И да се уште тоа е единствениот начин.

Дали тоа значи дека македонската влада ја зема позитивната препорака здраво за готово?

Сега кога изборите завршија и поминаа добро во однос на изборниот процес. Имате нова стабилна владина коалиција со компактна програма. Политичката можност за таа влада сега е да внесе нова енергија во реформскиот процес, не само проблемот со името, каде напор мора да се направи од сите страни, туку и во јавната администрација, судството, борбата со корупцијата, независноста на граѓанскиот сервис и слободата на медиумите. Во сите овие области ЕУ не сака да биде премногу критички настроена кон земјата. Ние востановивме дека има прогрес, но мора да видиме забрзано и постојано темпо на реформите во наредната година и верувам дека владата и земјата сака да го направат тоа и како што ЕП се смета одговорен да го направи овој процес успешен и јас го сакам истото.

Велите дека слободата со медиумите е едно до најкритичните прашања?

Имаше голема дебата во земјата и надвор за слободата на медиумите. Не само во Скопје, туку и во другите земји од Западен Балкан. Но, да се фокусирате на прашањето и да препознаете дека претставува предизвик, да се овозможи слобода и независност на медиумите е сериозен предизвик и сега е потребно да се дејствува и да се соочите со тој проблем. Мислам дека позитивна беше вклученоста на експерти за медиуми поставени од Секретаријатот за европски прашања и денеска велам дека поддршката мора да биде и од земјата и од ЕУ.

Зошто сметатe дека наредната година ќе биде критична за Македoнија?

Мислам дека има опасност и еврокомесарот Штефан Филе во јули кажа не ја земајте позитивната препорака здраво за готово и јас ги повторувам истите зборови денеска, бидејќи сите граѓани мора да признаат дека земјата нема да биде секогаш во статус кво ситуација, бидејќи има опасност од назадување во евроинтегративниот процес. Иако јас сум многу задоволен дека и оваа година останува позитивната препорака, како и секој друг кој посакува земјата да стане членка на ЕУ, но никој од нас не е сигурен дали ќе биде истиот случај и наредната година, да не дозволиме да биде предоцна.

Земјите од регионот постигнуваат напредок, постои ли опасност Македонија да биде заборавена?

Јас сум загрижен дека земјата може да биде заборавена. Секако го поздравувам направениот напредок во Србија, Црна Гора, како и во сите други земји од Западен Балкан. Но не сум апсулутно сигурен дека ние нема да ве заборавиме. Затоа сум задволен дека средбата на која ќе се разговара за извештајот за напредокот со сите министри за евроинтеграција од земјите од Западен Балкан ќе се одржи во Скопје и тоа ќе биде потсетник за сите земји од регионот, аако и тие во ЕУ дека Скопје мора да биде срцето на процесот.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG