Достапни линкови

ЕУ бара Словачка повторно да гласа за спасувачкиот фонд


Европската Унија денеска ја повика Словачка итно да оддржи ново гласање за предлогот зголемување на европскиот фонд за финансиска подршка на еврото. Вчера словачкиот парламент го отфрли планот, по што падна и владата во Словачка. Во заедничкото соопштение на претседателот на Европската Унија Херман вон Ромпуј и претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо е наведено дека зголемувањето на спасувачкиот фонд е во интерес на земји од еврозоната вклучувајќи ги и словачките граѓани. Словачката влада во заминување и главната опозициска партија се договорија да работат на план за поддршка на предлогот и да гласаат за него најрано в четврток.
XS
SM
MD
LG