Достапни линкови

ЕК ќе препорача статус кандидат за Србија и датум за преговори за Црна Гора


Европската комисија денеска најверојатно ќе препорача Србија да добие статуст кандидат за членка на Европската Унија а Црна Гора ќе добие препорака за датум за преговори за пристапување во Унијата. Еврокомесарот за проширување Штефан Филе денеска ќе ги презентира извештаите за напредок на земјите од Западен Балкан. Новинските агенции повикувајќи се на дипломатски извори јавуваат дека Комисијата ќе препорача статус кандидат за Србија но отварањето на формални преговори за членство ќе зависи од подобрувањето на односите на Белград со Приштина.
XS
SM
MD
LG