Достапни линкови

Нема извоз без поддршка


Да се субвенционираат гранки кои би дале извозни резултати, советуваат експертите.

Да се субвенционираат гранки кои би дале извозни резултати, советуваат експертите.

Економските експерти сметаат дека на домашните компании им е неопходна државна помош во бенефиции или субвенции, за да се поттикне извозот.

Извозното ориентирање на домашните компании претставува добра перспектива за развој на македонската економија, се согласуваат упатените, но дали нашите фирми се подготвени да почнат со зголемен извоз без државна помош? Бизнисменот Ристо Гуштеров вели дека македонските фирми треба да се ориентираат кон извозот:

„Меѓутоа за тоа треба да бидат добро и технолошки опремени за да можат да произведат конкурентен производ. Засега Македонија таква технолошка опременост нема и немаме производи кои би можеле да конкурираат на светскиот пазар.“
Меѓутоа за тоа треба да бидат добро и технолошки опремени за да можат да произведат конкурентен производ. Засега Македонија таква технолошка опременост нема и немаме производи кои би можеле да конкурираат на светскиот пазар.

Се отвора и прашањето дали македонскиот приватен сектор има сила за инвестирање во извоз, ако се реални поплаките на дел од стопанствениците дека се оптоварени со давачки кон државата и високи казни за неправилности во работењето? Гуштеров вели дека државата треба да направи програма за стимулација на стопанството со цел да се охрабри извозот:

„Односно систем на бенефиции коишто треба да ги добијат македонските компании, тоа го прават и западните, односно европските развиени економии и Македонија не треба воопшто да стравува од тоа, ние не треба да бидеме најдобрите послушници како нашата Македонија да не биде компетентна.“ Сегашните субвенции во текстилната индустрија и земјоделието, не се соодветно решение за охрабрување на извозот, потенцираат експертите

Сегашните субвенции во текстилната индустрија и земјоделието, не се соодветно решение за охрабрување на извозот, потенцираат експертите



Сепак, би било неблагодарно да се констатира дека државата воопшто не стимулира, посебно имајќи предвид дека со народни пари се субвенционираат одредени дејности, од кои најактуелно е земјоделското производство. Субвенциите во сегашната форма не се соодветно решение за охрабрување на извозот, смета економскиот аналитичар Висар Адеми:

„Ако се земе предвид дека се субвенционираат традиционални сектори како што е текстилот и земјоделието, коишто не произведуваат некакви резултати.“
Ако се земе во предвид дека се субвенционираат традиционални сектори како што е текстилот и земјоделието, коишто не произведуваат некакви резултати

Вреди да се спомене и податокот дека по државните субвенции за земјоделието, остварениот раст на оваа гранка се проценува на 2,5 проценти во вториот квартал, што според општоприфатени стандарди, не претставува значајна промена. Зошто да не се оди со пореволуционерен пристап, прашува Адеми:

„Да не ги субвенционираме, да се фокусираме на гранки, на сектори каде што би можеле да бидеме конкурентни на регионално и на глобално ниво“, посочува Адеми.
XS
SM
MD
LG