Достапни линкови

Нов упад во он-лајн мрежата на Сони


Јапонската корпорација Сони соопшти дека им го суспендирала пристапот на 93.000 корисници на он-лајн мрежата откако открила масовен обид за неовластен пристап до сметките на корисниците на мрежата. Сони гарантира дека деталите од кредитните карти на 93-те илјади корисници не се во опасност. Сони се соочи со сличен проблем и во април кога беа пробиени податоците на над 100 милиони корисници на он-лајн игрите и другите услуги, по што мрежата не работеше повеќе од еден месец.
XS
SM
MD
LG