Достапни линкови

ХРВ бара од Ван Дам и Свонк да ги вратат парите што им ги дал Кадиров


Chechnya -- Ramzan Kadyrov (L) with actor Jean-Claude Van Damme during his birthday's celebrations in Grozny, 05Oct2011

Chechnya -- Ramzan Kadyrov (L) with actor Jean-Claude Van Damme during his birthday's celebrations in Grozny, 05Oct2011

Хјуман Рајтс Воч ги повика славните личности кои присуствуваа на гала прославата во Грозни да ги вратат парите и подароците што ги добиле од чеченскиот претседател Рамзан Кадиров. Холивудските ѕвезди Жан Клод Ван Дам и Хилари Свонк, како и британската виолинистка Ванеса Меи, беа меѓу присутните на прославата на обновата на Грозни, на 5-ти октомври, која всушност се сметаше за прослава на роденденот на Кадиров. Хјуман Рајтс Воч оценува дека Кадиров е поврзан со кршење на човековите права, а ѕвездите кои добиле пари за присуство на прославата во Грозни, всушност помагаат да се минимизираат страдањата на жртвите.
XS
SM
MD
LG