Достапни линкови

Кина протестира што американскиот Сенат бара корекција на јуанот


Кина го критикуваше гласањето во американскиот Сенат со кое беше усвоена препорака до Кина да дозволи раст на јуанот во однос на американскиот долар. Кинеското министерство за наворешни работи бара од администрацијата на Обама и од Конгресот да ја блокираат оваа препорака, предупредувајки дека ќе му наштети на глобалното економско заздравување и ги крши правилата на Светската трговска организација. И некои американски пратеници сметаат дека е опасно за Конгресот да се меша во курсната размена во странска земја.
XS
SM
MD
LG