Достапни линкови

logo-print

Владата ќе решава што со пописот


Macedonia - Macedonian Government signboard, Skopje, 04Aug2010

Macedonia - Macedonian Government signboard, Skopje, 04Aug2010

Владата на РМ денеска се очекува да одржи седница на која ќе треба да донесе одлука што ќе се случува понатаму со пописот и својот предлог треба да го достави до Собранието, откако сите членови на Државната пописна комисија поднесоа оставки.
Опозицијата бара политичка одговорност од владата за скандалот со пописот односно за оставките на членовите на пописната комисија. На ова, со писмено соопштение реагираше и владеjaчката партија ВМРО-ДПМНЕ, во кое се вели дека ако Државната пописна комисија цени дека е подобро да се прекине пописот, отколку тој да биде незаконски, нерегуларен и необјективен, тогаш партијата има разбирање и ја оправдува постапката на комисијата. Од друга страна пак во ДУИ сметаат дека не е голема трагедија ако пописот се одржи за 6 месеци или една година.
XS
SM
MD
LG