Достапни линкови

Словачка не го ратификува механизмот за заштита на еврото


Словачката премиерка Ивета Радичова

Словачката премиерка Ивета Радичова

Еден од партнерите во владејачката коалиција во Словачка, либералите од партијата Слобода и Солидарност, гласаа против новиот заштитен механизам на еврото, со што е блокирана стабилизацијата на еврозоната. Словачкиот парламент беше последен од 17-те во зоната, кои требаше да го ратификуваат механизмот.
Премиерката Ивета Радичова, чија влада не ја доби довербата на истовременото гласање со она за механизмот, изјави дека остатокот од владината колаиција се договорил итно да почне разговори со лидерот на опозицијата и поранешен премиер Роберт Фицо, за што побргу да се дојде до доволно гласови за ратификација.
XS
SM
MD
LG