Достапни линкови

logo-print

Размена на израелски војник за илјада палестински затвореници


Бенјамин Нетанјаху

Бенјамин Нетанјаху

Израелските и палестинските власти склучија договор за размена на израелскиот војник Гилад Шалит за околу илјада палестински затвореници. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека на владата и го претставил договорот кој ќе овозможи за неколку дена Шалит да се врати дома жив и здрав од Газа, каде што го држат заробен припадници на Хамас од јуни 2006 година. Тој истакна дека биле водени тешки преговори и му се заблагодари на Египет за напорите вложени во посредувањето.
XS
SM
MD
LG