Достапни линкови

САД го обвинија Иран за завера за убиство на саудискиот амбасадор


Ерик Холдер

Ерик Холдер

САД спречиле завера за убиство на амбасадорот на Саудиска Арабија во Вашингтон и за тоа го обвинија Иран, односно двајца негови државјани. Ова го соопшти американскиот јавен обвинител Ерик Холдер, додавајќи оти иранските агенти се обиделе да изнајмат мексикански нарко картел да го убие саудискиот амбасадор Абдел ал Џубеир.
Американскиот државен секретар Хилари Клинтон изјави дека Вашингтон ќе разговара со сојузниците за натамошни начини за изолација на Иран, додавајќи оти американската администрација ќе пренесе силна порака дека тој вид акции мора да престане. Портпаролот на иранскиот претседател Али Акбар Јаванфекр, пак, изјави дека обвинувањата од САД се исфабрикувано сценарио, со цел да се одвлече вниманието на јавноста од домашните проблеми.
XS
SM
MD
LG