Достапни линкови

Протести пред грчкиот парламент


Грчкиот министер за финансии Евангелос Венизелос денеска ja поздрави информацијата што ја соопштија меѓународните ревизори дека земјата најверојтно ќе ја добие следната транша од меѓународниот пакет за спас од кризата. Тој смета дека следниот чекор не е само едноставно да се пушти ратата за употреба туку и да се лансира нова програма која ќе дефинира одговор за оддржливост на јавниот долг. Венизелос ова го изјави пред почетокот на седицата во Парламетот каде пратениците ќе дебатираат за новите мерки за штедење. Во меѓувреме стотици државни службеници го блокираа главниот влез на Собранието во знак на протест против мерката за штедење со која се предвидува да се намали бројот на вработени во јавната администрација.
XS
SM
MD
LG