Достапни линкови

logo-print

Намалување на бројот на заболени од туберкулоза во Тетово


Илустрација.

Илустрација.

Во тетовскиот регион забележано намалување на бројот на лица заболени од туберкулоза.

Туберкулозата и покрај тоа што во други земји оваа болест веќе е искоренета, кај нас таа сеуште преставува проблем. Нискиот животен стандард е еден од основните фактори за појавата на туберулозата, но големо влијание имаат и лошите животни навики, ќе забележат лекарите. Поразителен е фактот што од ТБЦ во државата ни страда населението на возраст од 20 до 45 години. Односно лица кои се наоѓаат во животно доба кога треба да оформат семејство или се работоспособни. Најновите податоци од Диспанзерот за белодробни заболувања и туберкулоза во Тетово укажуваат дека туберкулозата во Тетово бележи намалување:
Во последните две-три години имаме нагло опаѓање на бројот на заболени од туберкулоза на подрачјето на Тетово и тетовско.

„Во последните две-три години имаме нагло опаѓање на бројот на заболени од туберкулоза на подрачјето на Тетово и тетовско. Во периодот од 2001 до 2005 година сме имале над 150 болни новорегистрирани, во 2010 имаме само 52 болни лица.“

Лекувањето на туберкулозата во диспанзерот за туберколоза е бесплатно.

Изолацијата на туберкулозните болни е најдобриот начин за спречување на ширењето на болеста. Навремено откривање, редовно примање на терапија, посетување на состаноци на кои пациентите се едуцираат за болеста и најважно од се излолација на болниот е препораката на лекарите за превенција и спречување на ширењето на ТБЦ.
Еден болен од активна туберкулоза на белиот дроб годишно може да заболи 10 до 12 ново болни.

Во Тетово и околните општини, во орагнизација на здравствените екипи, а во соработка со Општинскиот одбор на Црвениот крст во тек се повеќе актривности за сузбивање на заразната болест туберкулоза. Неопходно е превентивно да се делува од причини што туберкулозата мошне лесно се пренесува кај здравите луѓе, вели д-р Ислам Бесими.

„Според светски нормативи еден болен од активна туберкулоза на белиот дроб годишно може да заболи 10 до 12 ново болни, тоа е светски тренд и штом тие ги кажуваат ние ги прифаќаме.“

Посета на други институции каде што болеста не се лекува и не се следи соодветно, како и криењето на болеста често имаат за последица туберкулозата да се шири меѓу целото семејство. Искоренувањето на предрасудите кај населението дека туберкулозата е срамна болест води кон успехот во лекувањето на оваа болест.
XS
SM
MD
LG