Достапни линкови

Црна Гора бара поддршка од Хрватска за пристапување во ЕУ


Црногорскиот претседател Филип Вујановиќ

Црногорскиот претседател Филип Вујановиќ

Црногорскиот претседател Филип Вујановиќ денеска во Загреб изјави дека неговата земја очекува поддршка од Хрватска за европските интеграции. Хрватската премиерка Јадранка Косор и Вујановиќ на нивната средба разговарале за подобрување на економската соработка на двете држави и евроатланските интеграции. Косор изјави дека Хрватска покажала оти борбата со корупцијата и спроведување на реформите вродиле со плод и дека ќе и понуди помош на Црна Гора за процесот на пристапување кон Унијата.
XS
SM
MD
LG