Достапни линкови

ЕУ е разочарана од пресудата за Тимошенко


Читање на пресудата

Читање на пресудата

Европската комисија денеска соопшти дека е разочарана од пресудата за украинската поранешна премиерка Јулија Тимошенко со која е осудена на 7 години казна затвор.
Во соопштението од кабинетот на еврокомесарот за надворешна политика Кетрин Ештон е наведено дека судењето покажало дека правдата се применува селективно во Украина поради политички мотивирани обвиненија на лидерите. Ова ќе се рефлектира на европската политика кон Украина пишува во реакцијата.
Ештон во писмената реакција истакна дека со начинот на кој украинските власти го спроведуваат владеењето на правото ризикуваат компликации во односите меѓу ЕУ и Украина, вклучувајќи ги и Спгодбата за Асоцијација и политичкиот дијалог.
XS
SM
MD
LG