Достапни линкови

logo-print

Членовите на Државната пописна комисија утринава поднеле колективна оставка и пописот е стопиран. Владата најави реакција по утрешната седница.

Членовите на Државната пописна комисија поднеле колективна оставка до Владата. Од Државниот завод за статистика информираат дека ќе пристапат кон повлекување на сите попишувачи и собирање на материјалите. На само три дена пред законски утврдениот рок за завршување на попишувањето, процесот е замрзнат и се чека на реакција од Власта, која е најавена за утре. Оставките се неотповикливи, вели досегашниот член на Комисијата, Артан Груби:
Сметаме дека оваа одлука на Државната пописна комисија е конечна и сите членови рано изутринава се согласија да дадат оставка и сметаме дека ова е најдобриот начин да се придонесе кон позитивна рефлексија да се затвори целата таа заблуда.

„Сметаме дека оваа одлука на Државната пописна комисија е конечна и сите членови рано изутринава се согласија да дадат оставка и сметаме дека ова е најдобриот начин да се придонесе кон позитивна рефлексија долу на теренот и конечно да се затвори целата таа заблуда која се создаде со различните толкувања на методологијата и различните толкувања на законот за попис.“

Во подобри услови, со подобар закон и со подобра екипа, попишувањето би било успешно, вели Груби:

„Целиот процес е високо исполитизиран и целиот процес има огромно значење за немнозинските заедници поради тоа што нивните права се санкционираат со бројките во овој процес на попишување на населението.“

Директорката на Државниот завод за статистика, Благица Новковска, вели дека проблем настанал околу методологијата, имено кој треба, а кој не треба да се попишува:

„Една од главните активности да се запре пописот, пописните активности е различната примена на методологијата пред се на оние членови коишто дефинираат кои се лицата коишто треба да се попишуваат и кои се лицата кои не треба да се попишуваат.“

Една од главните активности да се запре пописот, пописните активности е различната примена на методологијата пред се на оние членови коишто дефинираат кои се лицата коишто треба да се попишуваат.
Заводот се организира да ги заврши активностите кои е јасно дека следуваат, вели Новковска:

„А тоа е прибирање на пописниот материјал и она што е завршување на терен пред се околу раздолжување на материјалот што значи и со учесниците и со попишувачите и со реонските инструктори, што значи завршување на активностите коишто се на терен и прибирање на пописниот материјал во заводот за статистика.“

На потег сега е Владата која треба да одлучи дали ќе се избираат нови членови на Државната пописна комисија кои ќе го комплетираат попишувањето, и дали можеби во законодавниот дом би се гласале итни предлог измени во законската регулатива.

Вицепремиерот за спроведување на Охридскиот рамковен договор Муса Џафери за медиумите изјави дека власта на утрешната седница ќе го утврди својот став. Останува да се види дали пописот и официјално ќе биде прогласен за прекинат или за одложен и за колку време ќе биде можното пролонгирање.

Се претпоставува дека доколку се оди на нов попис, истиот не би можел да се организира за помалку од 6 месеци.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG