Достапни линкови

logo-print

70 години од НОБ


Меморијалниот музеј „11 Октомври“ во Прилеп.

Меморијалниот музеј „11 Октомври“ во Прилеп.

Учесниците од НОБ потсетуваат на недостатокот на споменици од тој период, партиите пак, не пропуштија да се докажуваат кој му дава поголема важност на настанот.

За одбележувањето на 70-годишнината од македонската антифашистичка војна, двете најголеми партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, деновиве се обидуваа да докажаат кој му дава поголема важност на овој историски период. Укажувајќи дека антифашистичката војна е настан кој е значаен за Европа и светот, историчарот Новица Велјановски повтори дека е невкусен чин партиското присвојување на државните празници:

„Опозицијата смета дека треба да се направи повеќе, власта смета дека прави доволно. За мене е битно тоа да не се прави разлика, континуитетот во Македонија постои од првите револуционерни движења кон крајот на 19 и почетокот на 20 век и тие беа настани на кои се надоврзаа настаните од 1941 година и учеството на македонскиот народ во ослободителното движење.“

Опозицијата смета дека треба да се направи повеќе, власта смета дека прави доволно. За мене е битно тоа да не се прави разлика.
Прославувајќи го празникот кога почна востанието против фашистичкиот окупатор, учесниците во НОБ деновиве објавија порака во која ја нагласија важноста на победата во Втората светска војна за македонската држава. Во нивната порака некои од нив рекоа оти борците се незадоволни што нема ниту една фигура на борците во Музејот на ВМРО.

Историчарот Велјановски гледа политички моменти во тоа што неколку години по ред има различни приоди кон одбележувањето на историските периоди, но има и објаснување зошто е тоа така: Учесниците од НОБ деновиве потсетија на недостатокот на споменици од тој период

Учесниците од НОБ деновиве потсетија на недостатокот на споменици од тој период



„Се добива такво чувство поради последните проекти „Скопје 2014“ итн, каде што многу повеќе им се даде значење на настаните од Илинденскиот и предилинденскиот период, но во претходниот период пак, ние имавме само еден споменик на Гоце Делчев во паркот, немаше други, туку се одбележуваа само настани од периодот на антифашистичката војна.“

Се добива такво чувство поради последните проекти „Скопје 2014“ итн, каде што многу повеќе им се даде значење на настаните од Илинденскиот и предилинденскиот период, но во претходниот период пак, ние имавме само еден споменик на Гоце Делчев во паркот.
По повод празникот беше спроведена и акција за чистење и бришење на сите натписи со кои се оштетени спомен обележјата. Беа опфатени над 100 спомен обележаја посветени на НОБ. Акции во различни општини имаа и младите сили на политичките партии. Докажувањето меѓу власта и опозицијата кој е поголем патриот е однесување кое не го изненадува публицистот Ибрахим Мехмети:

„Така да речам, патриотските теми или трката за тоа кој повеќе ја сака државата или кој повеќе ја сака својата етничка заедница, носи политички поени... мислам дека е време да се размислува малку пошироко и подалеку.“

Седумте децении од македонското народно востание денеска се одбележуваат со свечена академија во Домот на АРМ и со собир во Македонската академија на науките и уметностите, а во Прилеп со отворање на реновираниот објект на Меморијалниот музеј „11 Октомври 1941“, некогашниот участок каде што почнало антифашистичкото востание во 1941 година.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG