Достапни линкови

Тимошенко ги пречекорила овластувања


Поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко ги надминала своите овластувања кога наредила на украинската фирма Нафтогас да потпише договор со Русија за снабдување со гас во 2009 година. Ова го наведе судијата Родион Киејев на денешното читење на пресудата против Тимошенко која сегашната влада на претседателот Виктор Јанукович ја обвини дека со договорот Украина била оштетена над 188 милиони долари. Обвинителите бараат казна затвор од седум години за Тимошенко која ги негира наводите и оцени дека случајот е дел од политичкиот одмазда на Јанукович. Пред судот во Киев се собраа голем поддржувачи на Тимошенко, а распоредени се и полицајци.
XS
SM
MD
LG