Достапни линкови

Рускиот премиер во официјална посета на Кина


Енергетиката ќе биде главна тема за време на официјалната посета на рускиот премиер Владимир Путин во Кина денеска. Путин предводи руска делегација која во Пекинг треба да разговара за договор за 30 годишно снабдување на Кина со природен гас. За сега не се очекува дека двете страни ќе ги потпишат документите бидејки не е договорена цена за суровината. Според аналитичарите, тоа сведочи за старите сомнежи меѓу двете држави кои датираат од времето на студената војна.
XS
SM
MD
LG