Достапни линкови

Европската мисија во БиХ ќе го намали бројот на војници


Министрите за надворешни работи на ЕУ се согласија денеска дека мировната мисија на Унијата во БиХ треба да се намали. Мисијата Алтеа во моментот има околу 1.300 војници и составот треба да се намали до 500-600 луѓе.И покрај намалувањето, Алтеа ќе го задржи мандатот што значи дека ќе може да презема директни дејствија во случај на зголемени тензии.
ЕУ ги повика политичарите побрзо да формираат влада затоа што тоа е „проблем кој не трпи одложување“ .
XS
SM
MD
LG