Достапни линкови

ОН: Тортурата е честа мерка за испрашување во Авганистан


Обединетите Нации соопштија дека притворениците во 47 затвори во Авганистан се подложени на техники на испрашување што се сметаат за тортура според меѓунарондите закони. Во извештајот на ОН е наведено дека половина од притворениците што биле задржани во Националниот директорат за безбедност биле подложени на тортура. Околу 35 проценти од притворените од авганистанската полиција биле жртви на нечовечко постапување. Методите за тортура кои најчесто биле користени за добивање информации од притворените се електрични шокови, извртување на гениталиите, откорнување на ноктите на прстите Извештајот покажал дека авгнаистанските министертва соработувале со истрагата за да се преземат мерки за спречување на злоупотребата.
XS
SM
MD
LG