Достапни линкови

Русија се противи на планот на НАТО за ракетен штит


Николај Марков и Џејмс Ставридис

Николај Марков и Џејмс Ставридис

Генералниот командант на НАТО Адмирал Џејмс Ставрдидис денеска се сретна со руски претсваници во Москва . Тој со нив разговараше за европскиот ракетен штит за заштита на алијансата од можни напади од Блискиот Исток. Раководството на НАТО инисистира протиракетниот штит да биде распределен во Полска, Чешка, Романија. Турција, Португалија и Шпанија. Русија се противи на тој план затоа што таков штит ќе може да соборува руски проектили.Шефот на рускиот генералштаб Николај Марков изјави дека „унилатералните чекори на Алијансата се на штета на безбедноста и стабилноста во регионот. “ Ставридис изјави само дека ги слушал внимателно руските позиции.
XS
SM
MD
LG