Достапни линкови

Дијалог, влада-новинари


На неодамна одржаната тркалезна маса на тема „Предизвиците и перспективите на медиумскиот простор“ беше договорено формирање на работна група меѓу новинарите и владата.

На неодамна одржаната тркалезна маса на тема „Предизвиците и перспективите на медиумскиот простор“ беше договорено формирање на работна група меѓу новинарите и владата.

Дијалогот меѓу владата и новинарите за состојбата во медиумите ќе продолжи и по извештајот на ЕК, најави вицепремиерката Теута Арифи.

Брисел не е мало дете кое може да се залаже и чии очи може да ги замачкувате. Вака вицепремиерката за евроинтеграции Теута Арифи се обиде да објасни зошто работната група на новинари и претставници на Владата се формира два дена пред објавувањето на извештајот за напредокот на земјава од Европската Комисија. Арифи вели дека оскудниот одговор на забелешките за медиумите во неодамна подготвениот акциски план е одговор на листата задачи за Македонија, а во таа листа како што вели, медиумите биле опфатени многу малку.

Сметам дека најпрво имаме обврска кон нашите демократски процеси, но исто така и кон директивите на ЕУ и затоа велам дека овој процес ќе биде континуитет и после добивањето на извештајот.
„Сметам дека најпрво имаме обврска кон нашите демократски процеси, но исто така и кон директивите на ЕУ и затоа велам дека овој процес ќе биде континуитет и после добивањето на извештајот“, изјави Арифи.

Заедничката група е добар почеток во дијалогот за медиумите и истиот е многу важен за европскиот напредок на нашата земја, рече Арифи. Договорено е групата да дискутира за неколку теми, а допрва ќе воспостави динамика на работење.

„Се договоривме да поразговараме за заедничките теми и тоа за нормативната рамка, владините кампањи, зајакнувањето на јавниот сервис МРТВ, почитување на професионалните стандари и кодексот и етиката на известувањето и декриминализација на клеветата и навредата.“
Илустрација: Новинари на прес-конференција.

Илустрација: Новинари на прес-конференција.


Првиот човек на здружението на новинари, Насер Селмани, вели дека дијалогот е единствениот начин за да се надминат проблемите со кои се соочуваат медиумите. Од овој процес сите ќе излеземе како победници, рече Селмани:

„Овој процес не треба од медиумите да се доживува како дополнителен притисок врз медиумите, туку напротив дека треба да се релаксираат односите, медиумите треба да имаат поголема слобода, помал притисок врз медиумите.“

Овој процес не треба од медиумите да се доживува како дополнителен притисок врз медиумите, туку напротив дека треба да се релаксираат односите.
Денешната средба меѓу новинари и претставници на Владата заврши со усвојување на Меморандум за соработка каде се дефинира текот на процесот. На следната средба најавија разговор за конкретна тема. Од здружението на новинари побараа од Владата да биде потранспарентна, а бил прифатен и предлогот по секоја владина седница портпаролите да дадат дополнително објаснување за прашањата кои биле разгледани на Влада.

Во изминатиот период токму медиумите беа мета на критики од меѓународната Заедница. Неколкупати досега Вашингтон реагираше на слободата во медиумите, а забелешки за состојбата во медиумскиот простор имаше и во претходниот извештај на Европската комисија.
Токму затоа иницијативата за заедничка соработка меѓу Владата и медиумите ја поздравија и меѓународните претставници во земјава.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG