Достапни линкови

Русија и Кина ќе ја подобрат соработката со 7 милијарди долари


Русија и Кина ќе потпишат околу 20 бизнис договори со вкупна вредност од 7 милијарди долари. Договорите ќе бидат потпишани за време на средбите на премиерот Владимир Путин со неговиот кинески колега Вен Џиабао и претседателот Ху Џинтао во вторник во Пекинг. Договорите ќе се однесуваат на модернизација на индустријата, подобрување на трговијата и искористување на енергетски ресурси. Путин во Пекинг ќе пристигне со 160 члена делегација во која ќе бидат и врвни руски бизнисмени.
XS
SM
MD
LG