Достапни линкови

Топи во посета на Турција


Албанскиот претседател Бамир Топи, денеска престојува во официјална посета на Турција.Топи е придружуван од заменик-министерот за надворешни работи, Селим Белортаја и претседателот на Комората за трговија и индустрија, Николин Јака.
Во соопштението од неговиот кабинет е наведено дека Топи ќе се сретне со неговиот домаќин претседателот Абдула Ѓул:Тие на средбата ќе разговараат за унапредување на билатералните односи и соработка и случувањата во регионот. Предвидено е Топи да се сретне и со турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, како и од претседателот на Собранието, Чемил Чичек.
XS
SM
MD
LG