Достапни линкови

Ваши коментари


Бројни коментари од нашите слушатели по двата наши текста „Потчинетоста пред стручноста“ и „Академците потфрлија на академски план“.

Интернетот и веб-страниците, исто како и таканаречените социјалните мрежи се прекрасна работа. Небаре скенер, даваат чиста слика на менталитетот на луѓето, на нивните карактери, на состојбата на нивниот ум. Особено по двата наши текста, едниот со наслов: „Потчинетоста пред стручноста“ а вториот: „Академците потфрлија на академски план“.
Семи Бајрами од Тетово кој смета дека Цветковиќ не можела да работи државно и со државни пари да ја плука државата и системот

А сликата од скенерот: поделеност по партиска линија, нетолеранција, говор на омраза, професионална завидливост и клановска поделеност на професорите на Државниот универзитет „Свети Кирил и Методиј“, нетрпеливост дури и омраза меѓу оние од кои тоа најмалку би требало да се очекува.

И' се нафрлуваат на Цветковиќ нарекувајќи ја подбивно „фамгерила“, како некој анонимен потпишан токму со таа етикета, кој му препорачува на Трендо да ја вработи, затоа што нему му се допаѓале нејзините ставови и затоа што сите освен соросоидите, како што пишува, ја отфрлиле, или, пак, Семи Бајрами од Тетово кој смета дека Цветковиќ не можела да работи државно и со државни пари да ја плука државата и системот.
Неизбирањето на Ирена Цветковиќ за асистент на Филозофскиот факултет - тема за најмногу коментари.
Неизбирањето на Ирена Цветковиќ за асистент на Филозофскиот факултет - тема за најмногу коментари.

Слушателите - пишувачи на коментари се нафрлаат и врз професор Ванковска, од истиот факултет, поучувајќи ја дека местото на факултет се заслужувало, а не се добивало со плукање по државата, институциите и колегите, како што пишува некоја Членка или член на Наставничкиот совет кој ја одби Ирена Цветковиќ на конкурсот.

Кали од Скопје забележува дека од интелектуалците се очекува или да наведнат глава и да молчат или да се приклонат кон моќта, односно власта. ФД извикува: „Срамота! Жално е да се гледа интелектуалното и академско ниво во оваа земја“.

Гоце се срами што е граѓанин на оваа земја, се прашува каде одиме и смета дека се потврдува дека на Филозофскиот факултет царува некаква си каста која најмалку заслужува да се вика професорска заедница.

ВД го потврдува ова
ФД извикува: Срамота! Жално е да се гледа интелектуалното и академско ниво во оваа земјa.

и додава дека на тој факултет се избираат доценти, а потоа не се вработуваат за постојано, иако тоа им следува. И професор Ванковска им одговара на своите напаѓачи дека е горда што, според нив, „плука“ на државата, додека вие, вели, веројатно паѓате во несвест од воодушевување за државата, институциите и колегите. Од вас, драга колешке, ќе биде добар послушник, ама никогаш вистински професор и интелектуалец, и' одговара професор Ванковска на Членката на Наставничкиот совет.

И како за крај на прегледов, Стефан од Охрид констатира: „Уште еден пример за демократијата на македонски начин и уште еден пример за македонскиот синдром: ако не можеш и не сакаш да ми помогнеш - уништи ме!“
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG