Достапни линкови

Дијалог меѓу владата и новинарите


Денешната средба произлегува од заклучоците на неодамна одржаната тркалезна маса посветена на предизвиците и перспективите на македонскиот медиумски простор.
Денешната средба произлегува од заклучоците на неодамна одржаната тркалезна маса посветена на предизвиците и перспективите на македонскиот медиумски простор.

Започнуваат преговорите меѓу работната група составена од претставници на владата и од Здружението на новинари за состојбата во медиумите.

Новата работна група која ќе биде составена од претставници на Владата и Здружението на новинари ќе дискутира за прашања поврзани со медиумите. Првиот човек на здружението Насер Селмани вели дека на денешната средба ќе се разговараат техничките детали околу формирањето на работната група, како и рамката во која ќе се движат натамошните разговори. Прашањата за кои здружението на новинари сака да биде дискутирано се следниве:

Прашањето за законската рамка тоа е декриминализацијата на клеветата и навредата, владините реклами и секако јавниот сервис.
Насер Селмани, претседател на ЗНМ.
„Прашањето за законската рамка тоа е декриминализацијата на клеветата и навредата, владините реклами и секако јавниот сервис“, изјави Селмани.

Во ова влегуваме со позитивна волја и искрени намери дека состојбата во медиумите ќе се подобри, нагласува Селмани.

„Ние влегуваме со искрени намери, очекуваме дека таква намера има и од владата, штом седнуваме на иста маса значи дека таква подготвеност постои.“
Меѓународните претставници го поздравуваат дијалогот меѓу владата и новинарите
Меѓународните претставници го поздравуваат дијалогот меѓу владата и новинарите


Од Секретаријатот за европски прашања велат дека денешната средба произлегува од заклучоците на неодамна одржаната тркалезна маса посветена на предизвиците и перспективите на македонскиот медиумски простор. Од оваа тело информираат дека се работи за конститутивно-координативна средба која само докажува дека не се работи за еднократен процес кој е инициран од вицепремиерката Теута Арифи. Арифи повика на интензивирање на ваквите средби.

„Имајќи предвид дека наша стратешка цел е членство во ЕУ, прашањето за медиумите е значајно за остварување на таа наша цел“, рече Арифи на неодамнешната дебата.

Имајќи предвид дека наша стратешка цел е членство во ЕУ, прашањето за медиумите е значајно за остварување на таа наша цел.
Теута Арифи, вицепремиер за европски прашања.
Покрај формирање на работна група составена од претставници на Владата и новинари на тркалезната маса беа донесени и неколку други заклучоци. Меѓу нив обврската новинарите и уредниците максимално да ги почитуваат професионалните стандарди и етика, да се почитува слободата на изразувањето во атмосфера ослободена од лични навреди, а во иднина Здружението на новинари и други невладини организации да бидат вклучени во донесувањето на законите кои се однесуваат на медиумите.

Иницијативата за заедничка соработка меѓу Владата и медиумите ја поздравија и меѓународните претставници во земјава.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG