Достапни линкови

Бериша ја повика опозицијата на соработка


Албанскиот премиер Сали Бериша ја обвини опозицијата дека дејствува на штета на интеграцијата на земјата во Европската унија, јави МИА.
Бериша ја обвини опозицијата дека не гласала за ниту еден закон, посебно кога станува збор за оние закони кои се дел од 12 препораки на ЕУ за процесот на интеграција, изјави Бериша, додавајќи дека Еди Рама е единствен политичар во светот кој оди од пораз во пораз.
Повторувајќи дека власта е подготвена за промени во изборните реформи, Бериша, ја повикал опозицијата да соработува за да се постигне политички консензус.
XS
SM
MD
LG