Достапни линкови

Дијалог меѓу Владата и ЗНМ


Во Секретаријатот за европски прашања денеска треба да биде одржана првата средба на Работната група составена од претставници на Владата и на Здржението на новинарите на Македонија, формирана согласно заклучоците од дебатата „Предизвиците и перспективите на македонскиот медиумски сектор“, што се одржа на 14 септември годинава.
На средбата ќе претседава вице премиерот Теута Арифи, а во Работната група членуваат и министрите за внатрешни работи и за труд и социјална политика, Гордана Јанкулоска и Спиро Ристевски, како и четворица претставници на ЗНМ.
Предвидено е Работната група да расправа за поддршка на слободата на изразување во атмосфера ослободена од лични навреди и дисквалификации, за максимално почитување на професионалните стандарди и етика од страна на уредниците и новинарите, за социјален дијалог меѓу сопствениците на медиумите и новинарскиот синдикат, обезбедување еднаков третман на сите медиуми на пазарот,...
Формирањето на Работната група е во согласност со препораките на Европската комисија, во пресрет на објавувањето на Извештајот за напредокот на Македонија
XS
SM
MD
LG