Достапни линкови

logo-print

Скопје - Европски форум за намалување на ризици од катастрофи


Скопје од денеска до 12 октомври е домаќин на Втората годишна сесија на Европскиот форум за намалување на ризици од катастрофи, чиј актуелен претседавач е Република Македонија.
Денеска на првиот ден од собирот, покрај претседателот Ѓорѓе Иванов, ќе говорат и Панде Лазаревски, претседавач на ЕФДРР, Маргарета Валстром, специјален претставник на генералниот секретар на ОН за намалување на ризици од катастрофи, како и претставници на Европската комисија и на Советот на Европа.
На собирот, меѓу другото, ќе се дебатира за Глобалната платформа за намалување на ризикот од катастрофи 2011, за климатските промени, за превенција од шумски пожари, за намалување на ризиците од катастрофи преку управување со екосистеми.
XS
SM
MD
LG