Достапни линкови

logo-print

Властите побараа мир во Египет по големите немири


Каиро, 9 Октомври

Каиро, 9 Октомври

Египетскиот Премиер Есам Шараф побара мир во земјата откако најмалку 24 лица загинаа а над 200 се ранети во најлошите немири по остранувањето од власт на Хосни Мубарак.
Во Каиро ноќеска беше воведен полициски час
Немирите започнаа со протестите на коптските христијани против нападите врз една црква и против радикалните муслимани и египетските безбедносни сили. Демонстрантите фрлале камења и молотови коктели.
Насилството од центарот на градот се проширило до плоштадот Тахрир. Тензиите меѓу христијаните, кои се 10 насто во 80 милионскиот Египет, и муслиманите се зголемија по востанието против Мубарак во Февруари.
XS
SM
MD
LG