Достапни линкови

Саркози и Меркел постигнаа договор за банкарскиот сектор


Геманската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Никола Саркози по нивната средба во Берлин изразија детерминираност да ги поддржат банките кои се изложени на кризата во еврозоната.
Меркел на заедничката прес конференција изјави дека се договориле да направат се што е потребно за да се обезбеди рекапитализиција на банките. Саркози изјави дека е потребно да се изнајде издржливо и глобално решение за кризата во еврозоната до крајот на месецот.
Повеќе детали за нивниот договор не соопштија.
XS
SM
MD
LG