Достапни линкови

Црна Гора може да очекува добар извештај од ЕК


Директорот на Генералниот директорат на Европската комисија за проширување Стефано Санино денеска најави дека Црна Гора на 12 октомври може да очекува позитивен одговор за добивање датум за почеток на преговорите за полноправно членство во Европската унија , јавува новинската агенција МИА.
Тој додаде дека Извештајот на ЕК ќе испрати добри сигнали за Црна Гора и за регионот . Еврокомесарот за проширување Штефан Филе наредната недела ќе ја посети Подгорица.
Црна Гора во декември минатата година доби статус кандидат за член на ЕУ.
XS
SM
MD
LG