Достапни линкови

Турција го осуди убиството на опозиционер во Сирија


Членови на сириската опозиција во Истамбул на состанок

Членови на сириската опозиција во Истамбул на состанок

Турција денеска го осуди убиството на курдскиот опозициски лидер во Сирија и го предупреди сирискиот претседател Башар ал Асад дека насилството врз опозицијата не може „ да го врати текот на историјата“. Во петокот водачот на курдските опозициски активисти беше убиен во својот дом од маскирани напаѓачи.На неговиот погреб дојдоа 50 илјади Курди да изразат почит и да бараат Асад да се повлече од функцијата, но безбедносните сили отворија оган врз нив при шти загибаа 5 Курди.
XS
SM
MD
LG