Достапни линкови

logo-print

Изборите во Полска попречувани со лажни дојави за бомба


Парламентарните изборите во Полска во неколку избирачки единици беа прекинати поради лажни дојави за поставена бомба. Полицијата соопшти дека неколку пати денеска реагирала на лажни дојави но и на сомнителни пакети оставени пред избирачките места во кои имало лажни бомби. Полицијата досега уапсила пијан човек кој се јавил да пријави поставена бомба во избирачко место. Полицијата соопшти дека откако се отрезнил тврдел дека само се шегувал. На парламентарните избори се гласа за новиот состав на Собранието од 460 пратеници и 100 сенатори.
XS
SM
MD
LG