Достапни линкови

logo-print

Спречени курдски протести во Турција


Курдски активисти беа принудени да се откажат од плановите за масовен протест, откако полицијата ги блокира патиштата и ги врати автобусите со Курди. Тие сакале да тргнат кон затворот во кој казна доживотен затвор ја издржува лидерот на курдските бунтовници Абдула Оџалан, јавуват новинските агенции. Локалните власти соопштија дека настанот е незаконски и полицијата морала да реагира.
Претходно лидерот на Курдската работничка партија Абдула Оџалан водел разговори со турски претставници за прекин на конфликтот меѓу курдските сепаратисти и турските власти.
Поддржувачите на Оџалан бараат државата да го признае за легитимен претставник на курдскиот народ во евентуалните мировни преговори.
XS
SM
MD
LG