Достапни линкови

Деконтаминација околу Фукушима


Робот ја мери радиоактивноста околу Фукушима

Робот ја мери радиоактивноста околу Фукушима

Експерти од Меѓународната агенција за атомска енергија пристигнаа денеска во јапонскиот град Фукушима за да ја набљудуваат деконтаминацијата од најлошата нуклеарна катастрофа после Чернобил. Надзорното тело планира да посети училишта, фарми и владини канцеларии во северисточниот дел на Јапонија. Речиси 20 илјади луѓе загинаа при земјотресот и цунамито што ја погодија Јапонија на 11 март годинава. При тоа оштетена е и нуклерната центала Фукушима. Јапонските власти соопштија дека засега централата е стабилна, но 10 илјади луѓе се уште не можат да се вратат во своите домови поради радиоактивната контаминација.
XS
SM
MD
LG