Достапни линкови

Жестоки борби во Сирт


Безбедносните сили на привремената либиска влада соопштија дека заземале под контрола делови од центарот на градот Сирт каде што била главната база на поддржувачите на соборениот лидер Моамер Гадафи. Борците од Националниот преоден совет и денеска продолжуваат со нападите врз градот, но се уште се соочуваат со силен отпор од лојалистите на Гадафи кои имаат утврдени позиции и снајперисти на речиси секој покрив. Лојалистите на Гадафи ја имаат контролата и врз пустинските патишта кон Бани Валид.
XS
SM
MD
LG