Достапни линкови

По Хрватска, снег и во БиХ


Првиот снег годинава падна денеска во Босна и Херцеговина, а по невремето што ја зафати Хрватска во кое четири луѓе загинаа, а 16 се повредени, во таа земја денеска е стабилно, но студено.
Хрватска вчера ја погоди снежно невреме, проследено со силен дожд и ветер. Во Бјеловар гром удрил во дом за стари и изнемоштени лица, предизвикувајќи пожар во кој загинале четворица, а 11 луѓе се повредени.
Најниската температура е регистрирана на врвот Завижан од -3 степени Целзиусови. Поради невремето забранет е сообраќајот на хрвтаските автопати.
XS
SM
MD
LG