Достапни линкови

Авганистан бара САД да го „притисне“ Пакистан


Владата во Кабул денеска побара од Вашингтон да го зголеми притисокот врз Пакистан со цел да се справи со бунтовниците кои вршат напади врз Авганистан. Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи денеска разговараше со американскиот претставник на Обединетитe Нации Марк Гросман откако претседателот Барак Обама вчера го предупреди Пакистан дека постојат како што вели „некои врски меѓу разузнавачките служби и екстремистите.“ Претставник на авганистанската влада анонимно изјавил за Франсс прес дека Карзаи побарал од Гросман да изврши притисок врз Пакистан и дека очекува идните состаноци да донесат позитивни резултати.
XS
SM
MD
LG