Достапни линкови

ЕУ го осуди убиството на курдскиот опозиционер во Сирија


Еврокомесарот за надворешни работи Кетрин Ештон

Еврокомесарот за надворешни работи Кетрин Ештон

Европската Унија го осуди убиството на водечкиот опозициски активист Мешал ал Тамо во Сирија, соопшти кабинетот на еврокомесарот за надворешни работи. Курдскиот опозиционер беше убиен вчера во својот дом од вооружени маскирани напаѓачи. Околу 50 илјади сириски Курди на погребната поворка побараа повлекување на претседателот Башар ал Асад од функцијата. Претходно и САД го повикаа Асад да си поднесе оставка, пред да биде предоцна.
XS
SM
MD
LG