Достапни линкови

Неделен печат


Извештајот на Европската комсија за напредокот на Македонија, главна тема во неделните печатени изданија.

Се приближува денот кога ќе биде објавен новиот извештај на Европската комисија за Македонија, дали напреднала или не во прилагодувањето на системот кон европските стандарди, па и неделниците, разбирливо, се занимаваат со тоа.

Фокус - Никој не знае што точно Брисел ќе напише, но сите знаат како Пастирот тоа ќе го опише!

Фокус, на пример, во уводникот насловува дека „Никој не знае што точно Брисел ќе напише, но сите знаат како Пастирот тоа ќе го опише!“. Затоа што, ланскиот извештај на Комисијата за напредокот на Македонија беше полош од претходниот. Но, Груевски, сепак заклучи дека Брисел видел напредок во Македонија на сите полиња.
Фокус: Штом Брисел остана без амбасадор во земјава, на Пастирот сега ќе му биде многу полесно. Или, кој знае, можеби тоа ќе биде неговото последно самозалажување?

Потоа авторот не' потсетува на изјавата на Груевски дека напредокот некаде бил „значителен“, а некаде „не толку голем“. Потоа, продолжува Фокус, - Фуере мораше да ни црта, небаре ученичиња, за сите да се соочиме со лагите на премиерот. Штом Брисел остана без амбасадор во земјава, на Пастирот сега ќе му биде многу полесно. Или, кој знае, можеби тоа ќе биде неговото последно самозалажување? - прашува Фокус. Па додава: Пастирот треба да се подготви на првиот сериозен удар од Унијата. Оти, тоа е нејзината последна шанса да биде третирана сериозно, од Груевци, секако, но можеби многу повеќе од оние што во Македонија се подготвени на вистинска конфронтација со нив, токму во името на европските вредности. Да не дојде ден кога Брисел ќе треба да води преговори со земја каде никој нема забелешка на африканските стандарди, кои власта допрва би ги „надградувала и проширувала“, во иронична и горчлива шега завршува уводничарот на Фокус.

Глобус - Популизмот во Македонија добива мултипликативни ефекти

Токму на губењето на европските стандарди и на евроскептицизмот се однесува и една од колумните во Глобус, каде што се констатира дека кај нас евроскептицизмот влегува на голема врата. Зашто, пишува авторот, моделот што Груевски избра да го применува во Македонија се
Глобус констатира дека кај нас евроскептицизмот влегува на голема врата.

карактеризира со популизам и со европски вредности и принципи, но далеку од тоа дека оригинален или ексклузивен. Слични модели се применуваат и во земји членки на Унијата, но тие постојано ќе бидат во конфликт со големата европска идеја, но и со заедничката европска политика.

Во Македонија, која не е под чадорот на Брисел, популизмот добива мултипликативни ефекти, а оддалечувањето на Македонија во последниве пет години само помага системот да добие режимски формат, да се зацврсти и да се забетонира. А по третиот извештај во кој ќе нема препорака за датум што може да се очекува? Не треба многу да се измачуваме, доволно е само да се погледне мејн-стримот на владината пропаганда: Македонија длабоко зацапа во евроскептицизмот, па недостига само амбалажата и да се врзе машничката на владиниот пакет, заклучува Глобус.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG