Достапни линкови

Охрид очекува финансиска децентрализација


Градоначалникот на Охрид Александар Петрески и министерот за локална самоуправа Невзат Бејта.
Градоначалникот на Охрид Александар Петрески и министерот за локална самоуправа Невзат Бејта.

Министерот за локална самоуправа Невзат Бејта при средбата со градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, покажал волја да и се помогне на општина Охрид да влезе во втората фаза од децентрализацијата.

Наша обврска е, а тоа го бара и Европската унија од нас, да помогнеме шесте општини, меѓу кои со неколку помали е и Охрид, конечно да влезат во втората фаза од децентрализацијата, финансиски да се осамостојат, да застанат на здрави нозе и да продолжат со овој процес, во чија прва фаза тие тапкаат во место веќе шест години. Овој став, министерот за локална самоуправа Невзат Бејта му го соопшти на градоначалникот на Охрид, при неговата обиколка на фискално недецентрализираните општини во земјава, со што како прв претставник на власта, отворено манифестира воља да ги активира сите механизми за да се турне Охрид во втората фаза од децентрализацијата, од што според него најголема корист ќе имаат
Владата е обврзана да му помогне, да се деблокира, да се плати долгот и општина Охрид да влезе во втората фаза на децентрализацијата.
Невзат Бејта, министер за локална самоуправа.

граѓаните, како израз на почитување на вистинската демократија.

„Градоначалникот на општина Охрид ми кажа дека дека за време на неговото владеење има вратено повеќе од седум милиони евра долг. Долгот не го има направено тој, ако беше така, не ќе го вратеше, туку тој бил наследен и владата е обврзана да му помогне, да се деблокира, да се плати долгот и општина Охрид да влезе во втората фаза на децентрализацијата“, вели министерот Бејта, кој како поранешен градоначалник, покажа слух за проблемите на општините.
Совет на општина Охрид
Совет на општина Охрид


Првиот човек на Охрид, градоначалникот Александар Петрески, убедува дека општината ги исполнила сите услови, како и оној за кредитно задолжување од 4,5 милиони евра, за што општинскиот совет неколку пати донесе одлука, најдена е најповолна банка и се чека само на потпис и одобрение на министерот за финансии.

„Законот за регионална рамномерност го донесе оваа влада. Во законот за рамномерен развој е предвидено еден процент од бруто националниот приход да им припадне на регионите. Тоа се за секој регион по неколку милиони евра. Досега ниту еден денар од овие средства не е дојден. Не може истите луѓе кои ги носат законите и одлуките и бараат од граѓаните нив да ги почитуваат, нив да не ги почитуваат и да ги кршат. Ние согласно законските прописи, ние како региони ќе располагаме со тие средства и ќе ги вложуваме во она што ние сметаме дека е најпотребно за општините.“

Во законот за рамномерен развој е предвидено еден процент од бруто националниот приход да им припадне на регионите. Тоа се за секој регион по неколку милиони евра. Досега ниту еден денар од овие средства не е дојден.
Александар Петрески, градоначалник на Охрид.
Според Петрески, сега владата и министерствата ги насочуваат парите каде што сакаат тие, давајќи им селективно средства и позајмици на одредени општини.

И додека Петрески одамна обвинува за политички опструкции на Охрид како опозициска општина од страна на централната власт, што ги насочува народните пари кон „своите општини“, министерот Бејта, како дел од владеачката коалциија, уверува дека ќе се заложи осумте плански региони во државава конечно да ги добијат буџетските средства за поттикнување на локалниот економски развој.

Дали Охрид до крајот на година ќе влезе во втората фаза од децентрализацијата, што би значело деблокирање на општинската сметка и отворена врата кон Европските развојни проекти, останува да се види.
XS
SM
MD
LG