Достапни линкови

Сириската опозиција на состанок во Стокхолм


Протести во Сирија

Протести во Сирија

Околу 90 членови на сириската опозиција предводена од Националниот Совет денеска ќе одржат состанок во Стокхолм. Претставници на демострантите и опозициски политичари ќе договараат стратегија против режимот на претседателот Башар Ал Асад. Според извештаите на Обединетите Нации во последниве 6 месеци во Сирија загинале над 2 900 луѓе во крвавите протести. Неодамнешниот формиран сириски совет во Истамбул го сочинуваат претставници на муслиманското братство, Курди и опозициски сириски политичари.
XS
SM
MD
LG