Достапни линкови

Саркози на средби со Лагард и Меркел


Францускиот претседател Никола Саркози денеска се сретна со шефицата на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард во Париз пред утрешниот состанок со германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин. Лагард и Меркел во четврокот разговараа за состојбата на европскиот пазар и за ресурсите на ЕУ и ММФ кои ги имаат на располагање за да ја заштитат европската економија. Меѓународната рејтинг агенција „Фитч“ во петокот ги намали кредитните рејтинзи на Италија и Шпанија додека агенцијата „Мудис“ го намали рејтингот на 12 банки и финансиски институции во Велика Британија и 9 банки во Португалија.
XS
SM
MD
LG