Достапни линкови

Песочна бура ги отежнува борбите во Сирт


Безбедносните сили на привремената либиска влада соопштија дека песочната бура што го зафати Сирт ги отежнува нивните напори за ја заземат контролата врз градот. Силите на Националниот преоден совет се соочуваат со силен отпор од вооружените приврзаници на соборениот лидер Моамер Гадафи. Сирт и Бани Валид се последните упоришта на силите на Гадафи. Висок американски претставник соопшти во петокот дека НАТО смета оти лојалистите на Гадафи се на работ на поразот.
XS
SM
MD
LG